6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенија во понеделник ги отвара рестораните и кафулињата

Словенија во понеделник ги отвара рестораните и кафулињата

Во Словенија, од денес, поради поповолната епидемиолошка состојба со заразата коронавирус, повторно се отворија книжарниците, галериите и музеите, од идниот понеделник е дозволено да работат рестораните и кафулиња на отворен простор.

По синоќешната седница, словенечката влада објавила дека од среда ги отвара вратите на книжарниците, галериите и музеите, а повторно може да работат агенциите за недвижнини и да се извршуваат оџачарски услуги.

Од понеделник, ќе биде дозволено послужување на гостите на локалите на отворен простор – тераси и градини.

Исто така, од понеделник, ќе им биде дозволена работа на работилниците за поправка на облека и поправка на обувки, за изработка на клучеви, своите услуги на клиентите повторно ќе ги нудат фотографите, фотокопирниците, кројачите, часовничарите и златарите, крзнарите и производителите на кожна галантерија.

Потоа, ќе се отворат козметичките салони, услуги за маникир и хигиенска нега, повторно ќе можат да се вршат масажи и педикир, додека останатите дејности, како работа на сауна, велнес центри, услуги за пирсинг, тетовирање и слично и понатаму остануваат “затворени”, затоа што нивното работење во време на епидемија сè уште се смета за ризично за пренос на коронавирус.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП