10 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританците ќе мораат на нива

Британците ќе мораат на нива

Илјадници британски работници оваа година ќе мора да се вклучат во земјоделските работи за време на бербата, бидејќи сезонските работници не можат да доаѓаат од другите делови на Европа поради пандемијата од коронавирус, објави денес министерот за животна средина, Џорџ Јустис.

Тој изјави дека, во нормални околности, годишно околу 30.000 луѓе доаѓаат во Велика Британија, претежно од земјите на ЕУ, за да извршуваат сезонски земјоделски работи, а дека сега се тука само една третина.

„Ќе ни биде потребен значителен број британци, особено оние кои привремено останале без работа. Ќе имаат шанса ако тоа го сакаат“, изјави Јустис за радиото BBC.

Тој додаде дека има голем интерес од оние кои сакаат да работат и истакна дека се потребни “десетици илјади луѓе” за овие работни места.

Врвот на сезоната е кон крајот на мај и почетокот на јуни, додаде министерот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП