22 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНовак: Производството на нафта во Русија ќе се намали за 19 проценти

Новак: Производството на нафта во Русија ќе се намали за 19 проценти

Рускиот министер за енергетика, Александар Новак денес изјави дека нафтените компании во таа земја се подготвени да го намалат производството за 19 проценти во однос на февруари.

Намалување во однос на февруарските квоти потребно е за да се постигнат целите договорени помеѓу Организацијата на земјите извознички на нафта и нивните сојузници (ОПЕК +).

Во интервју за агенцијата Interfax, Новак истакна дека малите руски производители на нафта, како и странските компании кои работат во Русија, нема да бидат ослободени од намалувањето на производството.

Меѓутоа, рускиот министер за енергетика очекува дека нестабилноста на нафтените пазари ќе продолжи во мај и покрај договорот на групата ОПЕК +.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП