2 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКаков е одличниот работник?

Каков е одличниот работник?

Partnership and team work

Да се биде добар работник значи да се поседуваат квалитети како доверливост, снаодливост, трудољубивост, лидерство и многу други. Сепак, овие особини не го прават добриот работник да биде одличен. Одличните работници се тие кои се издвојуваат и допринесуваат најмногу во работата. Тие се секогаш еден чекор понапред од своите колеги. Дознајте кои особини ги поседуваат одличните работници.

1. Тие ги игнорираат работните упатства

Понекогаш, многу подобро е да се избега од стегите на задолжителните упатства за работа и да се настапи храбро. Одличните работници се способни да донесуваат самостојни одлуки и да превземаат се што е потребно за работата да биде завршена, независно од нивната позиција или улога во фирмата. Брзо се прилагодуваат кон ново настанатите ситуации, насочувајќи се кон она што има приоритет. Особено, кога има некој проблем, одличниот работник веднаш без размислување се обидува да најде решение, иако тоа не е негова работа.

2. Одличните работници се ексцентрици

Тие секогаш изгледаат поинаку од останатите вработени. Тие се ексцентрични, понекогаш непристојни и се однесуваат необично. Изгледаат чудно, но во позитивна смисла. Токму, овие чудни особини на одличниот работник, придонесуваат тимската работа да изгледа позабавна и поинтересна. Оние личности кои не се плашат од своите различности, знаат да излезат од поставените граници и секогаш ги даваат најдобрите идеи.

3. Знаат да се прилагодат во секоја ситуација

Кога ќе се појави голем предизвик, одличниот работник ги заборава своите особини и бргу се вклопува во тимот. Тој знае кога е време за забава, а кога треба да се биде сериозен, кога треба да се биде свој, а кога да се вклопи и да соработува со тимот, кога да се предизвика, но и кога да се повлече. Вистинска уметност е да се балансираат сите предизвици кои ги носи работното место, а малкумина се тие кои успеваат.

4. Јавно умеат да пофалат

Кога пофалбата доаѓа од шефот, тогаш е добро. Но, кога колегата ќе ве пофали за постигната работата, радоста е уште поголема, особено кога доаѓа од личност која ја почитувате. Одличниот работник ја цени придобивката од секој вработен и знае колку може само еден збор да влијае врз целокупната работа.

5. Проблемите ги решаваат приватно

Понекогаш, подобро е проблемите да се решаваат приватно. Добриот работник често го изнесува проблемот пред целиот тим. За ралика од него, одличниот работник те повикува пред или после состанокот да разговара за поосетливите работи, знаејќи дека доколку ги изнесе пред сите, може да предизвика револт кај останатите колеги.

6. Прашуваат, кога другите се плашат

Некои работници не се чувствуваат комотни кога треба да зборуваат јавно на состаноци. На други пак, им е неугодно да зборуваат приватно. Одличните работници прашуваат и кога се им е јасно. Знаат дека одговорите може да им помогнат на оние кои не разбрале, а се плашат да прашат. Секогаш се први да прашаат и да поразговараат за важни работи, додека другите се двоумат.

7. Сакаат да им докажат на другите дека грешат

Често, знаеме да се мотивираме кога некој ќе нема доверба во нас и во тоа што го работиме. Силната желба и страста кон работата е тоа што ги прави добрите работници да бидат одлични. Образованието, интелигенцијата, талентот и знаењето се важни, но страста е на врвот.

8. Постојано се зафатени

Некои луѓе никогаш не се задоволни од сработеното. Постојано се зафатени околу нешто. Го реорганизираат распоредот, го прилагодуваат процесот на работа и многу други ситни нешта. Добрите работници работат по дадената процедура. Одличните работници наоѓаат начини да ја подобрат работата, не бидејќи се бара тоа од нив, туку бидејќи едноставно тоа е внатре во нив и не можат да одолеат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП