3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрговскиот дефицит на САД порасна на 64,2 милијарди долари

Трговскиот дефицит на САД порасна на 64,2 милијарди долари

Трговскиот дефицит на Соединетите Американски Држави во март пораснал за 7,2 проценти на месечно ниво и достигнал 64,2 милијарди долари.

Министерство за трговија на САД соопштило дека трговскиот дефицит во таа земја пораснал на 64,2 милијарди долари од 59,9 колку што изнесувал во февруари. Овие податоци се над проценките на пазарот кои очекувале дефицит од 62,67 милијарди долари.

Во овој период, извозот на стоки е намален за 6,7 проценти, а увозот за 2,4 проценти.

„Извозот на стоки во март изнесувал 127,6 милијарди долари, 9,1 милијарди долари помалку отколку во февруари. Увозот на стока во март изнесувал 191,9 милијарди долари, што е за 4,8 милијарди долари помалку од увозот во февруари“, се наведува во соопштението на Министерството за трговија на САД.

Исто така, во март залихите на стока во малопродажба се намалиле за 0,9 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП