4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија од 4 мај ги отвора фабриките и градилиштата

Италија од 4 мај ги отвора фабриките и градилиштата

Италија, од 4 мај почнува да отвора фабрики и градилишта и постепено ќе ги ублажУВА мерките, со цел покревање на економијата без втор бран на заразени со коронавирус, пренесува Reuters.

Премиерот Џузепе Конте изјави дека е направен план за постепено укинување на рестрикциите на активности воведени на почетокот на март.

„Очекуваме многу комплексен предизвик. Ќе живееме со вирусот и ќе мора да ја преземеме секоја можна претпазливост“, изјави Конте.

Од 4 мај, повторно ќе започнат со работа производителите, градежните компании и дел од веледрогериите.

Малопродажбата ќе започне две седмици подоцна, а рестораните и баровите во целост ќе бидат отворени на почетокот на јуни, додека услугите “за носење” ќе бидат можни порано.

„Отворањето е дозволено под услов сите компании строго да ги почитуваат безбедносните протоколи на работното место“, изјави Конте, додавајќи дека повторното отворање ќе постави основа за подлабоки економски реформи во наредните месеци.

Од 4 мај, ќе бидат овозможени и семејни посети на парковите, а ќе бидат дозволени погреби со присуство на помалку од 15 лица.

Движењето меѓу регионите засега останува забрането, а луѓето кои мора да патуваат ќе мора да имаат соодветен документ со причини за патувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП