19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОксфордските научници на чекор до вакцината против коронавирус

Оксфордските научници на чекор до вакцината против коронавирус

Универзитетот во Оксфорд тврди дека дошле до голем напредок во светската трка за вакцината против коронавирус.

Многу научни тимови морале да започнат со тестирање на мал примерок за да ја зачуваат човековата безбедност, но научниците од Институтот Џенер имаа предност во оваа трка затоа што во изминатата година направиле слични истражувања, односно тестирале вакцини на поранешен облик на коронавирус.

Затоа тие се меѓу првите во светската трка за вакцината против „ковид-19“, пишува „Њујорк тајмс“, и ќе тестираат повеќе од 6000 луѓе до крајот на мај, надевајќи се дека вакцината не само што е безбедна за луѓето, туку и дека дејствува против новиот коронавирус.

Научниците од Оксфорд велат дека нивната вакцина, доколку се оди добро, ќе биде достапна уште во септември.

„Њујорк тајмс“ пишува дека најновите вести од овој научен тим се многу охрабрувачки.

Шест мајмуни ја примиле вакцината од Оксфорд, по што научниците ги изложиле на големи дози на коронавирус. Сите мајмуни во лабораторијата биле болни од коронавирус, освен шесте кои ја примиле вакцината. Тие останале здрави 28 дена по примањето на дозата.

„Овој вид мајмуни (Rhesus macaque) е најсличен на луѓето“, рече Винсент Мунстер, истражувачот кој го спроведе тестирањето на мајмуни.

Мунстер додаде дека следната недела ќе разговара за резултатите од оваа анализа и потоа ќе објави научна студија во едно од списанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП