3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстријците го затегнуваат ременот поради короната

Австријците го затегнуваат ременот поради короната

Дури 43 проценти од домаќинствата во Австрија се соочуваат со помали приходи поради епидемијата од коронавирус, покажало најновото истражување.

Пандемијата од коронавирус во Австрија доведе до значително намалување на приходите на делови од населението, особено во провинциите кои живеат од туризам, како што се Тирол и Салцбург, каде дури половина од граѓаните имаат намалени приходи.

Особено тешко погодени се претприемачите, од кои две третини (68,5 проценти) изјавиле дека имаат пониски приходи од пред кризата.

Кај вработените, тоа е случај со 47,5 проценти, а кај пензионерите помалку приход во својот паричник чувствува секој десети.

Околу шест проценти од австриските домаќинства со кризата изгубија повеќе од половина од приходите.

Секој седми Австриец има проблем со покривање на фиксните трошоци, а 60 проценти истакнале дека “го затегнуваат појасот” во сите други области.

Во Виена, “само” една третина од населението има проблем со намалување на приходите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП