28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРекорден скок на побарувачката за работа во Франција

Рекорден скок на побарувачката за работа во Франција

Во март, Франција забележа незабележан скок на побарувачката на граѓаните за нови вработувања, како одраз на наглото влошување на ситуацијата на пазарот на трудот поради карантинот среде пандемија од коронавирус, објави во понеделникот владата.

Според податоците на француското министерство за труд, во март, бројот на барања кои граѓаните ги поднеле во потрага за работа скокнало за 246.100, што е најголем скок откако тие податоци започнале да се следат во 1996 година.

Барањата на граѓаните за исплата на надоместок за невработени пораснаа за 7,1 процент, објави министерството.

Во март, нагло се искачил и бројот на повремено вработени работници кои се пријавиле на берзата како невработени, се вели во извештајот на министерството.

За да се спречат масовни отпуштања, владата во Париз воведе програма за зачувување на работните места кои на компаниите им овозможува да испраќаат работници на одмор за време на кризата со државен надоместок. Мерката опфаќа работници вработени на неопределено време, потсетува агенцијата dpa.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП