2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВести од светот

Вести од светот

najnovi-vesti1

Виена – Карлос Слим, најбогатиот човек на светот и еден од косопствениците на Телеком Австрија (Випнет) инвестираше 40 милиони долари во Шазам, британски производител на мобилен софтвер кој според звук ја препознава песната што ја слушате. Шазам со свеж капитал планира да се прошири на телевизискиот пазар каде неговиот софтвер може да препознава реклами и песни во рекламите, па така автоматски да ја рангира популарноста на брендовите во мултимедиумскиот свет. Шазам со новата понуда планира да се прошири во Велика Британија, Западна Европа и Латинска Америка.

Брисел – Европската комисија, државите членки на ЕУ и приватниот сектор заедно ќе вложат 22 милијарди евра до 2020 година за да се поттикнат истражувањата, иновациите и вработувањата во пет технолошки сектори, објави Европската комисија.

Сараево – Превозот на стоката преку границата меѓу Хрватска и Босна и Херцеговина значително е намален по 1 јули кога Хрватска стана полноправна членка на ЕУ, податоци се на Управата за индиректно даночење на БиХ (УНО), кои ги пренесе сараевскиот весник Дневни аваз. Преку граничниот премин кај Градишка кој воедно е и најпрометен кога се работи за стоков промет, во текот на првите осум дена во јули поминале 2.500 товарни возила што е за 15 отсто помалку во споредба со периодот од 2012 година. Од оваа бројка 1400 камиони увезле стока во БиХ, а 1100 ја поминале границата со стока наменета за пазарот во ЕУ.

Брисел – Летонија во речиси експресен рок го среди својот државен буџет и исто така ја воведува заедничката валута, еврото. Балтичките земји затоа се истакнуваат како пример за тоа дека еврото се уште е живо и атрактивно. Оваа недела и министрите за финансии на ЕУ посведочија дека од 2014 година Летонија ќе биде подготвена да го прифати еврото. Всушност, сите три балтички републики од поранешниот Советски Сојуз го сакаат еврото, Естонија веќе го има, Летонија ќе го воведе од идната година, а Литванија сака да се приклучи што поскоро, веројатно до 2015 година.

Лондон – Акционерите на Иси Џет ќе поддржат купување на 135 авиони Ербас САС, вредни вкупно 13 милијарди долари. Со тоа всушност дадоа и поддршка на стратегијата на извршната директорка Каролин МекКал, оваа нискобуџетсна авионска компанија да се впушти во уште по отворена борба со националните авионски превозници на кратки летови.

Пекинг – Кинеските надзорни органи на големите државни фирми ги предупредија директорите да ги контролираат своите барања и семејни врски, бидејќи државата ја засилува борбата против корупцијата. Џанг Ји, партиски шеф на државната Комисија за надзор на имот и администрацијата, на состанок со над 150 извршни директори на големи компании, рече дека нивна најважна задача треба да биде борба против злоупотреби. – Подигнете ги своите морални карактеристики и негувајте доблести, зголемете ги своите способности за борба против корупцијата – објавени се изјавите на Џанг на владиниот сајт.

Франкфурт – Европската централна банка ЕЦБ, преземајќи на себе нова и голема задача за надзор на банките, ризикува да биде преоптоварена. – Еврозоната е основана со премалку институции кои всушност би биле во состојба да делуваат и сега ја плаќаме цената за тоа. Ни се доделуваат дополнителни задачи, што не би ја нарекол политизација на централната банка, туку потенцијално преоптоварување – изјави членот на Управниот одбор на таа институција Питер Прат. Од почетокот на должничката криза во еврозоната на ЕЦБ се гледаше како на една институција која е во состојба да делува доволно брзо за да го изгаси разгорувањето на кризата.

Пекинг – По 20 години пауза кинеските власти се одлучни да почнат со изградба на најдолгиот подводен тунел, за што треба да се инвестираат 42 милијарди долари. Тунелот ќе биде долг 123 километри. Тунелот вреден 42 милијарди долари ќе го поврзува градот Далијан во провинцијата Лиаонинг со Јантај во источната провинција Шандонг. Со планот е предвидено тунелот да биде граден под Бохајскиот мореуз, но не е прецизирано кога проектот ќе биде завршен. За прв пат планот за изградба на овој тунел бил објавен во 1994 година, но сето останало на ниво на планирање.

Брисел – Големата криза во европската автомобилска индустрија, која предизвика пад на продажбата и ги принуди производителите да преземат големи загуби, се чини го допре дното. – Показателите ни говорат дека пазарот на автомобили во еврозоната престана да тоне и дека почнува да покажува знаци на стабилност. Европскиот пазар идната година треба да се врати на раст – изјави извршниот директор на американската компанија Форд, Стефен Одел. Тој рече дека наспроти тоа што стапката на невработеност во еврозоната од 12,2 отсто е исклучително висока, па дури и без преседан, повеќе знаци укажуваат на зајакнување

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП