25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДржавата ја спасува Lufthansa со девет милијарди евра

Државата ја спасува Lufthansa со девет милијарди евра

Германската влада одлучила да и помогне на националната авиокомпанија Lufthansa со девет милијарди евра.

Според пишувањата на дигиталниот економски магазин Business Insider, кој се повикува на кругови внатре во компанијата, државата ќе го преземе учеството во компанијата и за девет милијарди евра ќе добие малцински пакет со право на блокирање одлуки.

Исто така, државата добива до два мандата во Надзорниот одбор.

На тоа се договориле претставниците на владата и Lufthansa за време на преговорите во понеделникот вечерта на работно ниво.

Шефот на Lufthansa, Карстен Шпор и канцеларката Ангела Меркел, како и министерот за финансии Олаф Шолц, треба овој договор само уште формално да го потврдат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП