26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоинот 30 000 долари на крајот на годината?

Биткоинот 30 000 долари на крајот на годината?

Биткоинот на крајот на минатата недела вредеше 7.550 американски долари, што е за 5 проценти повеќе.

Но, претстојните настани би можеле значително да ја зголемат цената на водечката дигитална валута, бидејќи неговата понуда се ограничува. Преполовувањето кое следи  следниот месец треба да биде клучно за важноста на биткоинот.

Според моделот S2F (stock-to-flow), кој го зема во предвид прашањето за нови монети и веќе постојната понуда, се очекува да се случи слично како во 2012 и 2016 година, што значи дека цената на биткоинот треба значително да скокне.

Според овој модел, биткоинот не само што може да го надмине рекордот од декември 2017 година (20 000 американски долари), туку и да скокне на 30 000 долари до крајот на оваа година.

Новото таканаречено преполовување на биткоинот, кое се оценува за едно од најзначајните настани во историјата на постоењето на криптовалутата, е предвидено за на 12 мај 2020 година. Поедноставно речено, во еднакви временски интервали како и досега, во оптек ќе доаѓаат половина помалце биткоини.

За дванаесет месеци по првото преполовување на 28 ноември 2012 година, цената на биткоинот скокнала за повеќе од 9,000 проценти од 11 на над 1.030 долари. Во годината по второто преполовување, што се случило на 9 јули 2016 година, биткоинот се зголемил за само 338 проценти, но во тој период на раст доби стимул за многу брза експлозија до највисоката цена на сите времиња – во декември 2017 година, тој надмина 20.000 американски долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП