19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООдреден датумот кога ќе продолжи Премиерлигата

Одреден датумот кога ќе продолжи Премиерлигата

Премиерлигашите се во завршна фаза на преговорите со секретарот за култура и спорт на Велика Британија Оливер Доуден околу предолжувањето на фудбалската сезона.

Во петок претставници на сите 20 екипи од Премиерлигата ќе одржат уште еден состанок со секретарот за кој се надеваат дека ќе биде конечен. Клубовите очекуваат да биде потврден датумот 8 јуни за продолжување на сезоната. Клубовите се сложни дека доколку биде прифатен овој датум тогаш сезоната ќе може да заврши до крајот на јули.

Вчера Арсенал, Вест Хем и Евертон ги отворија тренинг камповите за своите фудбалери, а се очекува денес тоа да го направи и Тотенхем.

Кога ќе продолжи сезоната натпреварите ќе се играат без публика. Исто така, клубовите ќе можат да го користат новото правило на ФИФА за пет измени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП