24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо светот заразени над 3 милиони луѓе, повеќе од 922.000 се опоравени

Во светот заразени над 3 милиони луѓе, повеќе од 922.000 се опоравени

Во светот со коронавирус се заразени 3.064.902 луѓе, од инфекцијата починале 211.611 лица, а 922.624 се опоравиле, пренесува Worldometers.

Во САД има најмногу заразено население – 1.010.507, како и починати – 56.803, а опоравени се 139.162 лица.

Следи Шпанија со 229.422 заразени и 23.521 смртни случаи, а Италија со 199.414 заразени и 26.977 мртви.

Франција има регистрирано 165.842 случаи на вирусот корона и 23.229 смртни случаи, а Германија 158.758 заразени и 6.126 починати.

Во Велика Британија, потврдени се 157.114 случаи заразени од коронавирус, а починале 21.092. Во Турција се заразени 112.261 лица, а од инфекцијата починале 2.900 луѓе.

Во Иран, потврдени се 91.472 случаи на Ковид-19 и починале 5.806 лица, додека Русија, со 87.147 заразени ја престигна Кина, со 82.836 случаи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП