16 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАDeutsche Bank одби да објави информации за бизнисите со Трамп и неговите...

Deutsche Bank одби да објави информации за бизнисите со Трамп и неговите компании

Deutsche Bank го отфрли барањето на истакнатите американски сенатори да обезбеди информации за неодамнешните работи на германската банка со американскиот претседател Доналд Трамп и неговото семејство, пренесува Reuters.

Четворица сенатори, предводени од сенаторката Елизабет Ворен, на почетокот на овој месец побараа од извршниот директор на Deutsche Bank, Кристијан Севинг детали за односот на банката со Трамп и компаниите на неговото семејство.

Според податоците, банката е еден од најголемите кредитори на хотелите на Трамп, игралиштата за голф и други недвижнини. Сенаторите се загрижени дека банката може да спроведува семеен повластен третман за отплата на заемот поради избувнувањето на коронавирусот, бидејќи самата Deutsche Bank останува под истрага од американското Министерството за правда.

Правниот советник во германската банка го одби барањето на сенаторот поради причини за приватноста ба клиентот, пренесува Reuters.

„Се надеваме дека ќе ја разберат потребата од Deutsche Bank да ги почитува законските и договорните граници кои постојат во однос на таквите доверливи информации“, изјави правниот советник на банката, Акин Гумп.

„Американскиот народ заслужува одговори, а сè помалку од тоа е неприфатливо. И понатаму ќе се залагам за вистината и транспарентноста“, изјави сенаторот Крис Ван Холен во изјава за Reuters.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП