29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ пазари: Раст на индексите на почетокот на неделата

ЕУ пазари: Раст на индексите на почетокот на неделата

На европските берзи во понеделникот наутро пораснаа цените, бидејќи инвеститорите ги охрабрија новите стимулативни мерки од јапонската централна банка, а се надеваат дека и другите централни банки во светот наскоро ќе го сторат истото.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции околу 9,30 часот беше во плус 1,6 проценти.

Притоа лондонскиот FTSE индекс зајакна за 1,60 проценти на 5.844 поени, додека франкфуртскиот DAX скокна за 2,35 проценти, на 10.580 поени, а парискиот CAC 1,90 проценти, на 4,477 поени.

И на азиските берзи, цените на акцииите утрово пораснаа, па MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските, околу 9,30 часот беше во плус 1,8 проценти, надокнадувајќи поголем дел од минатонеделната загуба од 2,6 проценти.

Сепак, на токиската берза, индексот Nikkei скокна за 2,7 проценти, на 19.783 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП