6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCrocs се откажува од производите со кои се прослави

Crocs се откажува од производите со кои се прослави

crocs1

Компанијата која ги произведува популарните „кроксици“ се обидува да се дистанцира од овие гумени кломпи кои го направија брендот.

Според „Crocs“, компанијата во наредните пет години ќе се обиде двојно да ја зголеми продажбата, но тие не мислат дека оваа цел ќе ја остварат со кломпите „Crocs“ кои ги лансираа пред 11 години.

До овој заклучок најверојатно дошле и со анализирање на мислењето на јавноста, со оглед на тоа дека на интернет постојат бројни блогови и видеа кои ги опишуваат овие кломпи како грди и потенцијално опасни.

Директорот на компанија „Crocs“, Џон Мек Карвел сака да ги освои купувачите со новите производи на овој бренд како што се патиките, балеринките и женските чевли со платформа. „Доколку некој сака да купи кломпи, најпрво ќе му ги покажеме нашите нови производи“, вели тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП