ПочетнаАВТОБИЗContinental GT3 подготвен за тркање

Continental GT3 подготвен за тркање

Bentley-Continental-GT3-1

Откако на минатогодишниот саем во Париз беше претставен концептот „Continental GT3“, „Bentley“ во Гудвуд ја покажа конечната верзија на овој автомобил.

„Continental GT3“ го придивижува 4.0-литарски V8 мотор со два турбо компресори и моќност од 600 KS, кои преку „Xtrac“ шестстепениот секвенцијален менувач се пренесуваат на задните тркала.

За разлика од „Continental GT“, „GT3“ е тежок околу 1300 килограми што е за еден тон полесен од производниот модел. Тоа се постигна со остранувањето на додатоците во ентериерот, како тешките кожни седишта и електронските системи.

Bentley-Continental-GT3-2

Што се однесува до надворешниот изглед, „Continental GT“ доаѓа со комплетен аеродинамички пакет кој вклучува и задно крило изработено од јаглеродни влакна. Покрај тоа, хубата, браниците и крилата се оптимизирани за намалување на аеродинамичкиот отпор се со цел да помогнат при ладењето на моторот.

„Continental GT3“ од следната година ќе се натпреварува во првенството „FIA Blancpain“.