19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоништен тендерот за респиратори

Поништен тендерот за респиратори

Двете компании кои го добија тендерот за набавка на 31 респираторна машинa го известиле Министерството за здравство дека нема да бидат во можност да ги испорачаат респираторните машини согласно договорот.

Заради ова, јавната набавка се поништува и ќе биде повторно распишана.

Во меѓувреме, нашата држава доби 12 респираторни машини од Европската Унија со што се надополнија посточеките капацитети.

„Вклучувајќи ги новите машини коишто пристигнаа, во здравствените институции ширум земјата во моментот има на располагање преку преку 130 респираторни машини“, соопшти МЗ.

Во моментов на респираторна машина има приклучено вкупно 11 пациенти, со што капацитетите се исполнети нешто помалку од 10%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП