28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈП Комунална хигиена спроведе машинско миење на сите булевари во Скопје

ЈП Комунална хигиена спроведе машинско миење на сите булевари во Скопје

Во текот на минатата ноќ, ЈП Комунална хигиена-Скопје со пет автоцистерни спроведе машинско миење на сите булевари и поголеми улици на територијата на градот Скопје.

„Машинското миење на скопските булевари и улици е една од најзначајните активности што ЈП Комунална хигиена-Скопје ги спроведува во насока на спречување на ширењето на вирусот Ковид-19. Екипите на Претпријатието ги мијат сите јавни сообраќајни површини и по два пати во рамките на едно деноноќие, а наш главен приоритет е одржувањето на јавната чистота и заштитата на здравјето на граѓаните“, изјави директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП