2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајвредната компанија некогаш вредела 7.400 милијарди долари

Највредната компанија некогаш вредела 7.400 милијарди долари

najkom1

Холандската источноиндиска компанија „Dutch East India Company“, според денешните вредности, била највредната компанија во историјата. Компанијата е основана во 1602 година и била првата компанија во историјата која котирала на првата берза во историјата.

Оваа компанија се занимавала со трговија и транспорт на зачини, а нејзината основна предност била најголемата флота на бродови кои постојано превезувале стока помеѓу Европа и Азија.

Веднаш по основањето започнал брзиот раст на компанијата, а својот врв го постигнала благодарение на неконтролираните шпекулации за вредноста на лалето.

Таканаречената „лалеманија“ била иднетична со пазарниот балон „dot.com“ или балонот на недвижнините кој ја иницираше кризата во 2008 година и чии последици и денес се чувствуваат.

Како и секој балон, и овој по некое време пукнал, но во меѓувреме ја направил „Dutch East India Company“ највредна компанија во историјата.

Имено, компанија во 1637 година била проценета на 78 милиони холандски гулдени, прилагодени на денешната вредност во долари тоа би изнесувало дури 7,400 милијарди долари.

Кога „лалеманијата“ запрела, околу 1637 година, компанијата се вратила на корените – трговијата со зачини. Таа престанала да работи во 1800 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП