3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНафтата во Венецуела најевтина во последните дваесет години

Нафтата во Венецуела најевтина во последните дваесет години

Цените на нафтата во Венецуела паднаа на најниско ниво во последните дваесет години.

Како што јавува AFP, цената на нафтата за барел е 9,90 американски долари во таа земја.

Цената на суровата нафта драматично паднала минатата недела, поради последиците од пандемијата и мерките кои се преземаат против неа. Тука треба да се додаде расправата меѓу големите извозници на енергенси околу количината на нафта која треба да се произведува.

Според старите договори, на почетокот на неделата продолжија испораките на нафта, иако складиштата веќе беа преполни. Во понеделникот, тоа доведе до негативна цена на американската нафта тип WTI на берзата – тоа значи, наместо на нафтата да се заработува, се плаќа на некого само да ја однесе и некаде да ја складира.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП