26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААкциите на европските берзи повторно во пад

Акциите на европските берзи повторно во пад

Европските акции денес повторно се срушија поради стравувањата од тешки и трајни економски последици од ударот на пандемијата од коронавирус, по информациите кои ги подгреаа сомнежите на инвеститорите во поглед на напредокот во развојот на лекови за COVID-19.

Паневропскиот индекс STOXX 600 падна за 1,1 процент во 7:19 часот по GMT, а лондонскиот FTSE 100 потона за 1,3 проценти по лошите бројки за продажбата во Велика Британија во март, известува Reuters.

Глобалните берзи денес генерално ослабнаа по вестите дека експерименталниот лек на компанијата Gilead Sciences не успеа да им помогне на пациентите со тежок облик на заболување од COVID-19 во клиничкото испитување, иако овој производител на лекови соопшти дека резултатите не се валидни бидејќи испитувањето е предвреме прекинато.

Сите главни европски сектори паднаа на раното тргување, банкарскиот индекс SKS7P предводеше со пад бидејќи бонитетната агенција S&P го намали кредитниот рејтинг на германската Commerzbank за еден степен и ги намали изгледите на Deutsche Bank на негативни, од стабилни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП