27 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарија ќе има потешка рецесија отколку што се очекуваше

Швајцарија ќе има потешка рецесија отколку што се очекуваше

Швајцарската влада предвидува дека економијата на оваа земја ќе се намали за 6,7 проценти, велејќи дека очекува рецесијата предизвикана од епидемијата од коронавирус да биде потешка отколку што на почетокот се очекуваше.

Првично е речено дека се очекува економијата на земјата да има пад за 1,5 проценти во 2020 година, по што ќе закрепне со зголемување на производството од 3,3 проценти во 2021 година, пренесува Reuters.

Швајцарија е една од најтешко погодените земји во Европа со над 28 илјади случаи на зараза.

Бројот на смртни случаи е 1.509, а повеќе од 19.900 луѓе се опоравени, се наведува на интернет страницата Worldometers.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП