5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција најавува отворање на продавниците на 11 мај

Франција најавува отворање на продавниците на 11 мај

Француската влада најавила отворање на продавниците по укинувањето на мерката карантин на 11-ти мај.

Сепак, рестораните и кафулињата нема да започнат со работа пред средината на јуни, објави Reuters.

Францускиот министер за финансии, Бруно ле Мер изјавил дека откако ќе се укинат карантинските мерки, продавниците веднаш ќе започнат со работа, но дека рестораните, баровите, кафулињата, спортски сали и црквите ќе останат затворени најмалку до средината на јуни.

Ќе бидат воведени протоколи за заштита на работниците и клиентите, и останува да се види дали отворањето на објектите ќе биде можно веднаш во целата земја или ќе биде постепено, по региони.

Бидејќи претседателот го најави укинувањето на мерките на карантин на 11 мај, владата на Франција работи на развој на план со кој ќе се намалат шансите за појава на втор бран епидемија во земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП