3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманската влада одобри нова програма за економска помош вредна 10 милијарди евра

Германската влада одобри нова програма за економска помош вредна 10 милијарди евра

Германската влада на канцеларката Ангела Меркел одлучи да спровела нова програма за економска помош во вредност од 10 милијарди евра, која предвидува стимулации за оние кои привремено останале без работа.

Владата во средата на состанок кој траел доцна во ноќта соопшти дека паричните стимулации ќе бидат зголемени до крајот на годината за оние кои во текот на епидемијата од коронавирус привремено останале без работа.

Парична помош ќе добијат и оние кои се од претходно во бирото за вработување.

Владините коалициони партнери, после осум часови преговори одлучија и за натамошно намалување на даноците.

Данок на ДДВ во секторот гастрономија, кој е особено погоден од епидемијата од коронавирусот со затворање на рестораните и кафулињата, ќе биде намален од 1 јули од 19 проценти на 7 проценти.

Владата, исто така, парично ќе им помогне на семејствата кои на своите деца им обезбедиле компјутери за од далечина да ги следат часовите. Децата чии родители имаат помали приходи ќе добијат по 150 евра.

Помош од десет милијарди евра додаток е првата помош од 1.100 милијарди евра, која главно се состои од јавни гаранции за заеми на претпријатијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП