21 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИГи поврзувате 5G и коронавирусот? Ќе бидете блокирани на оваа социјална мрежа!

Ги поврзувате 5G и коронавирусот? Ќе бидете блокирани на оваа социјална мрежа!

Уште една социјална мрежа се спротивставува на различните теории кои се однесуваат на 5G мрежата и нејзината наводна поврзаност со коронавирусот. Овој пат, тоа е Твитер.

Од оваа социјална мрежа, одлучија да воведат нови правила, а тоа ќе значи отстранување на сите недокажани тврдења кои ги поврзуваат 5G и коронавирусот.

Како што се наведува во соопштението, Твитер ќе отстрани твитови со “непотврдени тврдења кои ги потикнуваат луѓето да се занимаваат со штетни активности, може да дојде до уништување или оштетување на 5G инфраструктурата“, објави Engadget.

Една работа е особено важна: Новите правила не се однесуваат на сите твитови кои се занимаваат со 5G мрежата. Наместо тоа, ќе бидат санкционирани само оние објави кои поттикнуваат акција на рушење и уништување, како повици преку ноќ за сечење или палење на бандери на кои се наоѓаат 5G базни станици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП