2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДеловната активност во еврозоната на рекорден минимум во април

Деловната активност во еврозоната на рекорден минимум во април

Деловната активност во еврозоната во април бележи нов рекорден минимум, што е уште еден знак дека пандемијата од коронавирусот предизвикува тешка економска штета во целиот регион.

Индексот на менаџери за набавки (PMI), кој мери активност во производствената индустрија и секторот услуги, во април се струполил на 13,5 поени, според првичните податоци од аналитичката компанија IHS Markit.

Овој индекс во март веќе забележа најголем поединечен месечен пад, кога се спушти на 29,7 поени, пренесува CNBC. Вредноста на PMI под 50 поени укажува на пад на вкупниот економски раст.

„Економијата во еврозоната во април трпи несогледливи штети, поради здружените дејства на мерки за вонредна состојба со цел спречување на вирусот, намалување на светската побарувачка и недостиг на персонал и импути“, истакна во соопштението Крис Вилијамсон, главен економист во IHS Markit.

Додаде и дека годинашната активност во второто тримесечје би можела да „забележи најостар пад во овој регион во поновата историја“.

Земјите членки во еврозоната се меѓу најтешко погодените од пандемијата, при што Италија, Шпанија, Франција и Германија се на листата први пет држави во светот по бројот на заразени.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предвидува економски пад во еврозоната од 7,5 проценти оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП