18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУблажување на мерките: Околу 2,7 милиони италијанци се враќаат на работа

Ублажување на мерките: Околу 2,7 милиони италијанци се враќаат на работа

Околу 2,7 милиони граѓани на Италија ќе се вратат на работните места според нацрт планот на италијанската влада за постепено започнување на работењето во Италија.

Во таа земја, по повеќенеделната блокада, забележан е рекорден број на закрепнувања од вирусот COVID-19 во еден ден.

По скоро 50 дена под мерки на карантин, која Италија прва ги воведе во Европа, според која сите мораа да бидат во своите домови со исклучок на одењето на лекар, на работа и за купување на намирници или во аптека во непосредна околина, повеќе од 60 милиони граѓани на Италија се надеваат дека ќе имаат поголема слобода на движење од 4 мај, кога истекуваат мерките продолжени во повеќе наврати.

Италијанската влада работи на план кој од 4 мај ќе им овозможи движење на луѓето надвор од општините во кои имаат живеалиште, но во границите на регионот, а излегувањето од блокадата ќе донесе новина на која родителите особено се радуваат – повторно отварање на парковите.

Компаниите и деловните субјекти ќе имаат време да се подготват за условите на работа, кои помеѓу другото, ќе опфаќаат нови смени, заштитна опрема за работниците, задолжителна дезинфекција и термички скенери.

Следниот чекор во италијанската влада е околу 2,7 милиони луѓе се враќаат на своите работни места, а другите ќе продолжат да работат од дома ако деловните активности дозволуваат.

Баровите и рестораните ќе започнат со работа по малопродажните места, меѓутоа датумите сè уште не се утврдени.

Сепак, правилата кои ќе важат и во наредната фаза се – носење заштитна маска надвор од дома и држење на безбедно растојание од другите луѓе.

Според последните податоци на италијанската цивилна заштита, во средата е забележан рекорден број закрепнувања од коронавирусот – 2.943, со што вкупниот број на опоравени е зголемен на 54.543, а активни случаи со вирусот се 107.699.

Бројот на новозаболени од вирусот COVID-19 во Италија е во пад трет ден по ред, меѓутоа, бројот на жртви од вчерашните 543 умрени надмина 25.000 од почетокот на кризата со коронавирус.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП