7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИUniCredit банка ќе кредитира мали претпријатија

UniCredit банка ќе кредитира мали претпријатија

unicredit1

Европскиот фонд за југоисточна Европа потпиша договор со банката „UniCredit“ за кредит во износ од 25 милиони евра.

Средствата во износ од 15 милиони евра се наменети за кредитирање на микро и мали претпријатија, додека 10 милиони евра ќе бидат наменети за стамбеното кредитирање и кредитирање со цел подобрување на условите за домувањето, соопштија од „UniCredit“ банка.

„Задоволни сме од соработката до „EFSE“, чија кредитна линија ќе ни овозможи да продолжиме понатака и да ја зајакнуваме нашата поддршка за микро и малите претпријатија, кои претставуваат еден од клучните двигатели на растот во овие земји од југоисточна Европа“, изјави Клаудио Цезарио, претседател на извршниот одбор на „UniCredit“ банката за овој регион.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП