10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОланд за француската економија: Закрепнувањето започна

Оланд за француската економија: Закрепнувањето започна

oland1

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека француската економија започна да се опоравува.

„Економското закрепнување започна“, објави Оланд во телевизиското интервју, додавајќи дека индустриското производство е подобрено, како и дека е забележано зголемување на потрошувачката.

Сепак, со оглед на тоа дека Франција се бори да го одржи дефицитот под контрола, Оланд не ја отфрли можноста за зголемување на даноците, со цел да се одржи рамнотежа во буџетот, пренесува агенцијата Франс прес.

„Ќе се зголемат даноците само ако тоа биде неопходно и тоа ќе биде минимално зголемување“, изјави Оланд.

Оланд потенцираше дека француската економија започнала да бележи закрепнување во повеќе сектори, тој позитивно ја оцени моменталната ситуација, но нагласи дека се потребни уште поголеми напори со цел оваа земја комплетно да заздрави.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП