5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд утре се скратува полицискиот час

Од утре се скратува полицискиот час

Од утре се намалуваат рестрикциите на движењето, објави ми нистерот Венко Филипче на својот профил на Фејсбук.

Почнувајќи од утре, четврток, 23 април, се намалуваат рестрикциите на движењето. Секој работен ден, од понеделник до петок ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05:00 часот наутро до 19:00 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 19 часот и ќе трае до 05 часот наутро, посочи Филипче.

За лицата над 67 годишна возраст, како што наведува тој, ќе биде дозволено движење секој работен ден од 05 часот наутро до 12 на пладне.

-Младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од понеделник до петок од 13:00 до 19:00 часот, пишува Филипче.

Се намалува и ограничувањето на движење за време на викендите.

-Од сега забраната за движење за викенд ќе почнува од 15:00 часот во сабота, а ќе трае до понеделник до 05:00 часот наутро. Во сабота, за лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење од 05 часот наутро до 11 часот наутро. Во сабота, младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од 12:00 до 15:00 часот, објави Филипче на неговиот профил на Фејсбук.

Владата денеска одржува седница на која требаше да бидат потврдени нови мерки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП