27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБИХ според невработеноста e прва земја во Европа

БИХ според невработеноста e прва земја во Европа

nevrabo1

Бројот на невработени во Босна и Херцеговина за една година се зголеми за 11.000, објави „Дневен Аваз“ наведувајќи дека според невработеноста оваа земја е прва во Европа.

Повикувајќи се на службените податоци на Управата за економско планирање на БИХ, весникот објавува дека вкупниот број на невработени во БИХ во мај изнесувал 547,300, што е за два проценти повеќе во споредба со истиот период лани. Според овие тврдења стапката на невработеност во БИХ изнесува 44,5 проценти, што е највисоко во Европа.

Аваз наведува дека само за една година 10,946 граѓани во БИХ ја загубиле работата и останале без извор на егзистенција. Според службените податоци најмногу се намалил бројот на вработените во приватниот сектор. Најмногу отпуштени граѓани има во градежништвото, рударството и преработувачката индустрија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП