19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА10 секунди - толку траела првата телевизиска реклама (видео)

10 секунди – толку траела првата телевизиска реклама (видео)

Првата телевизиска реклама се емитувала на 1 јули 1947 година во Америка, на каналот NBC. Во прашање е реклама на брендот Bulova, кој се занимава со продажба на накит и часовници.

Оваа реклама е прикажана за време на бејзбол натпревар за само неколку илјади луѓе, колку што во тоа време имало телевизори.

Цената на оваа реклама била цели девет долари. Се до пеесетите и шеесетите години од минатиот век, додека телевизијата не стана масовна појава, рекламирањето преку телевизор била исклучителна ретка појава.

Со зголемувањето на бројот на гледаност, напредокот на техничката страна на оваа форма на маркетинг, рекламите на телевизија денес чинат многу повеќе.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП