22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕден починат, 28 новозаболени и 48 излечени од коронавирус во земјава

Еден починат, 28 новозаболени и 48 излечени од коронавирус во земјава

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 48 излекувани пациенти. Од нив 6 пациенти од болничко лекување и 42 кои се лекуваа во домашни услови. Излекувани пациенти на домашно лекување се евидентирани во: Куманово -1, Битола -1, Скопје-19, Тетово -16, Штип – 1, Радовиш -4.

Во ГОБ „8 Септември“ почина пациент од Скопје на 51-годишна возраст, примен во болницата на 9 април во тешка состојба и веднаш поставен на респираторна машина. Според најновите податоци, сега во земјата има починати вкупно 56, излечени 272, а заболени 1259.

Во изминатите 24 часа потврдени се 28 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје -11, Куманово -2, Прилеп -9, Тетово -2, Велес -3 и Валандово -1. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1259 , а последната дистрибуција по градови е:

Скопје – 422

Куманово – 342

Дебар – 51

Штип-34

Прилеп –126

Тетово – 62

Струга – 55

Велес – 62

Битола –17

Охрид –15

Кавадарци – 4

Гостивар –13

Гевгелија – 4

Струмица – 2

Крива Паланка-4

Радовиш – 4

Крушево – 3

Кочани – 28

Пробиштип – 2

Кичево – 2

Неготино -2

Демир Хисар – 1

Македонски Брод -2

Пехчево- 1

Валандово -1

Во изминатото деноноќие направени се 660 теста. Преку ИЈЗ –417, преку Ветеринарен ф-тет -14, Авицена –11, Биотек –46, Филип Втори (Жан Митрев) –141 и Систина со PCR-метода -31. Досега во земјата се направени вкупно 13000 тестирања на Ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се примени 7, а хоспитализирани се вкупно 63 пациенти. Од нив 21 на кислородна поддршка и 4 на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 43 пациенти. Со потешка клиничка слика се 8, а на респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се лекуваат 10 пациенти, а на домашно лекување се следат 14. Во моментов во Штип се хоспитализирани 2 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 19.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП