29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоларот продолжи да зајакнува

Доларот продолжи да зајакнува

На девизните пазари, американскиот долар продолжи да се зајакнува во однос на останатите светски валути. Поради неизвесноста на пазарите, инвеститорите бараат посигурно засолниште за својот капитал.

Индексот на доларот, кој го следи движењето на американската во однос на шесте најважни светски валути, утрово се движеше околу 100,22 бода, најмногу во претходните две недели, додека вчера изнесуваше 100,19 бода.

При тоа, курсот на американската во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 107,55 на 107,80 јени.

Доларот ослабе во однос на европската валута, па цената на еврото достигна 1,0845 долари, додека вчера изнесуваше 1.0835 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП