3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСредба на министерот Сарачини со претставници на градежни компании

Средба на министерот Сарачини со претставници на градежни компании

saracini56

Министерот за економија Ваљон Сарачини денеска во Сојузот на стопански комори ќе има средба со претставници на градежни компании и со претседателот на Градежната комора Сеад Кочан.

На градежниците ќе им бидат презентирани придобивките од правилниците за енергетска контрола и за енергетски карактеристики на зградите.

Со правилниците за енергетски карактеристики на згради и за енергетска контрола објавени на 4 јули по направените измените во Законот за енергетика, Република Македонија ја постави основата за воведување стандарди во делот на потрошувачка на енергија во објектите.

На овој начин се приближува кон остварување на целите за енергетска заштеда на национално ниво и рамноправно со земјите од Европската унија ќе има исти стандарди кои се дел од директивите на ЕУ.

Правилникот за енергетски карактеристики на згради ги промовира подобрувањата на енергетските карактеристики на зградите и се однесува на нови градби или градби кои ќе подлежат на значителна реконструкција, а се опфатени едносемејни или повеќесемејни згради за домување (до два стана), станбени, административни и комерцијални згради, хотели и ресторани, згради во образовниот и здравствениот сектор, згради за спортски и културно-уметнички активности итн

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП