17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА"Иран нема да претрпи голема штета поради падот на нафтата"

“Иран нема да претрпи голема штета поради падот на нафтата”

Иран нема да претрпи голема штета како другите земји од падот на цената на нафтата затоа што помалку се потпира на другите кога станува збор за извозот на сурова нафта.

Тоа денеска го изјави иранскиот претседател Хасан Рохани.

Цените на нафтата паднаа во средата, a пазарите се борат со масовни приливи на нафта, во услови на пад на побарувачката за сите нафтени деривати, поради кризата предизвикана од епидемијата од коронавирусот, пренесува Reuters.

„Ќе бидеме помалку оштетени од другите земји поради падот на цената на нафтата затоа што нашата економија е помалку зависна од извозот на нафта“, изјави Рохани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП