22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанката на Шпанија очекува пад на економијата до 12,4 проценти

Банката на Шпанија очекува пад на економијата до 12,4 проценти

Шпанската економија би требало да се намали помеѓу 6,8 и 12,4 проценти, во зависност од траењето на карантинот поради епидемијата, објави Банката на Шпанија.

Во таа земја карантинот беше воведен кон средината на март, а во зависност од тоа дали ќе трае осум или 12 недели, централната банка има развиено две различни сценарија, пренесува Reuters.

Шпанската централна банка соопшти дека очекува закрепнувањето на економијата да започне во втората половина на годината, додека „значителното закрепнување“ ќе следи дури во 2021 година, со проектиран раст помеѓу 5,5 и 8,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП