24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКолку калории има во вашето омилено овошје?

Колку калории има во вашето омилено овошје?

Жените и опседнатост со броењето на калории.

Дали во тоа има навистина нешто или сето тоа е само мит? Како сознанието колку калории сме внеле во организмот може да ни помогне да бидеме фит?Всушност е едноставно. Ако не внесуваме повеќе калории во својот организам на дневна основа отколку што нутриционистите препорачуваат на просечно возрасно лице, ќе ја одржиме својата телесна тежина. Од друга страна, ако отстапуваме од тие мерки и внесуваме повеќе калории, нашата телесна тежина се зголемува. Вежбањето во голема мера може многу да помогне да се подобри тој баланс, но што е со калориите кога станува збор за овошјето? Зарем овошјето не е дозволено во неограничени количини ???

За жал не. Можеби не знаете, но одредени видови овошје во себе содржат навистина голема количина шеќер, па консумирање на истите се препорачува во намален обем ако сакаме да постигнеме одредени резултати. Малиот водич кој за вас го подготвивме се однесува всушност за присуството на калории во овошјето кое многу го сакаме. Следниот пат кога ќе направите овошен куп со вашите омилени парчиња овошје, ќе знаете точно колку калории сте внеле во вашиот систем.

Боровинки – 80 грама содржи 43 калории
Грозје – 80 грама содржи 50 калории
Јаболко – 49 до 79 калории во зависност од видот
Јагоди – 20 јагоди содржат 60 калории
Ананас – 100 грама содржи 50 калории
Кајсија – 1 кајсија содржи 17 калории
Портокал – 1 портокал содржи 90 калории
Лубеница – 1 лубеница со средна големина содржи 92 калории
Банана -1 помала банана содржи 90 калории
Круша – 1 поголема круша содржи 88 калории
Авокадо – 100 грама содржи 150 калории
Малина – 80 грама содржи 20 калории
Лимон – 1 лимон содржи 17 калории

Секако, таа количина шеќер не треба да ве загрижува, бидејќи таа е всушност споредна работа во однос на другите позитивни фактори кои овошјето ги содржи. Овошјето е добро за нашата коса, нокти, кожа, ни дава потребна сила, виталност и енергија. Во сè, па и во конзумирањето на овошје треба да се биде умерен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП