И покрај најавата за олабавување на мерките кои ни го ограничија нашето движење и секојдневниот начин на живот, заштитните маски и ракавиците, се чини дека сè уште ќе бидат барана роба.
Се препорачува да ги носите, но која е препораката кога сакате да се ослободите од нив? Каде да ги ставите – во комунален отпад или био-отпад?
Заштитните маски во аптеките се најбараните производи. Нивните цени се зголемуваат, а без нив не би требало да одите во продавница. Постојат неколку видови маски кои се популарни – хируршките и оние со FFP заштита. И едните и другите имаат ограничен рок на траење.
Деновиве, фрлените заштитни маски може да се најдат веднаш до контејнерите за отпад. Отпадот, кој инаку е извор на разни заразни болести, сега го има дополнително затоа што коронавирусот на ракавиците и маските останува повеќе од 72 часа.
По отстранувањето, заштитните маски и ракавиците треба да се стават во пластична кеса, кесата да се затвори, да се стави во уште една кеса и да се остави 72 часа пред да се стават во нормален комунален отпад. Така фрлените маски и раквици не претставуваат опасност.
Најевтиниот и најефикасниот метод за заштита од инфекцијата и понатаму е миењето на рацете, предупредува професијата.