29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропските берзи во црвено

Европските берзи во црвено

На европските берзи во вторникот наутро, најважните индекси паднаа под влијание на вчерашното тонење на терминските цени на суровата нафта во негативно подрачје, како и на лошите деловни резултати на компаниите, што предизвика страв кај инвеститорите околу долгорочните последици од пандемијата од коронавирусот врз глобалната економија.

Паневропскиот STOXX 600 индекс околу 9,30 часот, беше во минус 1,4 проценти.

Иако тој индекс закрепна за околу 25 проценти од март, благодарение на закрепнување на апетитот за ризични вложувања покрај досега незабележани потикнувања на економиите во светот, и понатаму е за 22 проценти под неговото историско највисоко ниво, бидејќи се повеќе компании се одвраќаат од исплатата на дивиденди и ги намалуваат своите деловни проценки поради последиците од пандемијата на нивното работење.

Сите најважни европски индекси се во минус, па така лондонскиот индекс FTSE се намали за 1,54 проценти на 5.723 поени, франкфуртскиот DAX за 1,92 проценти на 10.471 поени, а парискиот CAC за 1,82 проценти, на 4,445 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП