Американскиот претседател Доналд Трамп размислува да воведе забрана за увоз на нафта од Саудиска Арабија.
„Ние секако имаме многу нафта, затоа размислувам за воведување забрана за увоз на саудиското “црно злато”, изјави Трамп на прес конференцијата во Белата куќа).
Одлуката на американскиот претседател би можела да изгледа како реципрочна мерка, бидејќи во време на големиот пад на побарувачката во цел свет, Кралството го зголеми својот извоз во САД за четирипати – до 1,46 милиони тони. Вистина, голема количина на „црно злато“ заврши во фабриката за преработка на нафта „Мотива“, која припаѓа на Ријад.
Претходно, медиумите објавија дека нафтените компании оваа мерка веќе ја побарале од Трамп.
Според состојбата од 12.14 часот по московско време, цената на јунските фјучерси за нафта “брент” падна на 19,94 долари за барел.
Цената на мајските фјучерси за нафта VTI на њујоршката берза Nimeks порасна за 95,06 проценти до минус 1,86 долари за барел, додека цените за јунските фјучерси паднале за 18,31 проценти на 16,75 долари за барел.