4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКина ќе стане најголем пазар на БМВ

Кина ќе стане најголем пазар на БМВ

bmw-kina-1

Имајќи ги во предвид 1.3 милијардите жители, 100-те градови со повеќе од еден милион луѓе и економија која бележи постојан раст, бумот на кинеската автомобилска индустрија воопшто не треба да изненадува.

Оваа комунистичка земја стана најголем пазар на Ауди, а во наредните неколку години ќе стане и најголем пазар и на Мерцедес. Дека германците одлично стојат на далечниот Исток покажуваат и податоците дека до крајот на 2013-та година Кина ќе стане најголем пазар и на баварскиот гигант БМВ, па со тоа од „тронот“ ќе ја симнат Америка.

Веќе е познато дека БМВ има јака база во Кина со новата фабрика во Шангај. Што се однесува до продажните резултати, компанијата од Минхен нема причина за загриженост.

БМВ во Кина забележа вкупен раст на продажбата од 16 проценти, додека поединечно најголем успех забележа Серија 5, остварувајќи раст од дури 28 проценти. Исклучително важен дел од стратегијата за растот на БМВ е проширувањето на продажната мрежа, па токму овој аспект ќе биде од најголемо значење за пазарните планови на германскиот гигант.

И покрај остварениот успех на овој пазар, БМВ и натаму заостанува зад Ауди кој претставува нивни најголем ривал. Во 2012-та година производителот од Инголштад оствари раст од 18 проценти продавајќи 228.000 возила во споредба со 170.000 примероци кои ги продаде БМВ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП