28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрв пат во историјата цената на нафтата падна под 0 долари за...

Прв пат во историјата цената на нафтата падна под 0 долари за барел

Поради кризата предизвикана од епидемијата од коронавирусот, цената на барел сурова нафта WTI во САД е на најниско ниво во историјата и падна под 0 долари за барел.

Тргувањето завршило на неверојатни – 37,63 долари за барел – што е единствен пат да падне под нулата, откако нафтените термини почнале да се тргуваат на NYMEX во 1983 година. WTI (West Texas Intermediate) лесна сурова нафта, едно од мерилата во формирање на цената на нафтата, падна на досега невидено ниво и сега производителите им плаќаат на складиштата да им го преземат производството за мај.

Договорите за складирање на нафта за мај имаат негативна цена. Купувачите „се обложуваат“ дека нема складишта во кои купената нафта би можела да се складира. Просечната цена на WTI суровата нафта за барел изнесувала 57 долари во 2019 година, а 64 долари во 2018 година.

Побарувачката во развиените економии падна, магацините се полни, а договореното намалување на производството е невозможно да се спроведе преку ноќ, пренесува energypress.net.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП