3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо декември лани блокирани вкупно 108.000 сметки на фирми и на граѓани

Во декември лани блокирани вкупно 108.000 сметки на фирми и на граѓани

Во декември лани биле блокирани вкупно 108.215 сметки на компании и на граѓани во земјава. Податоците на народната банка покажуваат дека е поголем бројот на блокирани граѓани, или 80.635. А бројот на компании изнесувал 27.579.

Бројот пак на вкупно блокирани трансакциски сметки е далеку поголем и изнесува 231.884, од кои 191.265 биле на граѓани и 40.619 на фирми. Овие бројки се поголеми бидејки станува збор за блокади на повеќе сметки на едно исто лице или компанија.

Податоците на Народната банка покажуваат дека низ месеците лани бројот на блокирани сметки варирал и се движел околу 80.000. Месец со најмногу блокирани сметки е ноември, кога биле блокирани вкупно 112.261 сметки, од кои дури 83.755 на граѓани и 28.506 на фирми.

Голем дел од овие граѓани и компании се блокирани и во моментов иако една од мерките на Владата за санирање на последиците од вирусот Ковид 19 беше стопирање на извршувањето. Но, мерката важеше за сите блокади од 1 прил годинава, не и за блокираните лица и компании пред тоа.

С.А

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП