25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКенгур скока по празните улици на еден од најголемите австралиски градови(видео)

Кенгур скока по празните улици на еден од најголемите австралиски градови(видео)

Најнаселениот град во Јужна Австралија, Аделаида, е толку тивок и пуст од ограничувањата поради коронавирусот, што кенгури почнаа да скокаат низ неговиот центар.

Поточно, кенгур беше снимен како вчера минува низ речиси целосно испразнетиот град во Јужна Австралија. Со оглед на тоа што на повеќето жители им се советува да останат дома, крајбрежниот град Аделаида, со повеќе од 1,2 милиони луѓе, стана многу попривлечен за овие диви животни.

https://www.facebook.com/7NEWSAdelaide/videos/294482568223365/

„Надзорните камери снимиле како кенгур скока низ празните улици на градот во неделата наутро, а подоцна тој се упатил кон природниот резерват“, изјавил портпаролот на полицијата во Јужна Австралија за Си-ен-ен.

„Порано имаше кенгури во предградијата на Аделаида, но досега тие обично се држеа подалеку од централните градски улици. Ова е навистина уникатна глетка“, додава портпаролот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП