19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Сингапур рекордни 942 новозаболени лица за еден ден

Во Сингапур рекордни 942 новозаболени лица за еден ден

Сингапур потврди дека во саботата се регистрирани 942 позитивни случаи на коронавирус, што е нов рекорд во еден ден. Повеќето од заразените се работници мигранти кои живеат во домови.

Властите успеаја да го ублажат ширењето на вирусот „ковид-19“ со строго набудување на граѓаните и нивните контакти, за што добија пофалби од Светската здравствена организација (СЗО).

Министерот за здравство откри дека постојат само 14 случаи на зараза меѓу Сингапурците.

Сепак, болеста се шири многу брзо во големата заедница на работниците-мигранти. Властите го засилија тестирањето за болеста во домовите во кои живеат.

Во Сингапур сега има вкупно 5.992 случаи на заболени, а 11 лица се починати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП