27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНови 107 случаи со коронавирус, еден пациент почина на Инфективната клиника

Нови 107 случаи со коронавирус, еден пациент почина на Инфективната клиника

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби почина пациент од Струшко на возраст од 50 години, кој беше хоспитализиран на 27 март, а само еден ден подоцна заради влошување на состојбата поставен на механичка вентилација.

Во изминатите 24 часа се потврдени 107 нови случаи со коронавирус и тоа во Скопје – 28, Куманово – 44, Дебар – 2, Штип – 1, Прилеп – 11, Тетово – 5, Струга – 1, Велес – 4, Битола – 6, Кавадарци – 1, Гостивар – 2, Кочани -1, Кичево -1.

Од Клиниката за инфективни болести се испишани пет оздравени пациенти, а  денеска се регистрирани и 18 оздравени пациенти кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 1081. Според местото на живеење, досега се регистрирани случаи во: Скопје – 367, Куманово – 306
Дебар – 51, Штип – 32, Прилеп –100, Тетово – 48, Струга – 50, Велес – 40, Битола –15, Охрид –7
Кавадарци – 4, Гостивар –12, Гевглелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка- 4, Радовиш – 4, Крушево – 3
Кочани – 26, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино – 2

Во изминатото деноноќие направени се 660  тестови и тоа преку ИЈЗ – 468 , преку Ветеринарен факултет – 21, Авицена – 22 , Биотек – 23 и Клиниката „Жан Митрев“ – 126. Досега во земјата се направени вкупно 10.422 тестирања на Ковид -19.

На Инфективната клиника во Скопје примени се 11 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани 62 пациенти. Осумнаесет пациенти се со потешка клиничка слика и на кислородна поддршка, а пет пациенти се на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 11 нови пациенти и во моментов во оваа болница се лекуваат 38  пациенти со Ковид-19. Во потешка состојба се осум пациенти, а на респираторна машина се шест пациенти. Во Битола се хоспитализирани вкупно осум пациенти од кои двајца се повремено на кислородна поддршка, а на домашно лекување се следат уште осум пациенти. Во Клиничката болница во Штип се лекуваат осум пациенти, а се следат уште 18 во домашни услови, стои во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП