27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија планира да инвестира скоро 27 милијарди долари во антикризната програма

Русија планира да инвестира скоро 27 милијарди долари во антикризната програма

Русија планира да инвестира 26,9 милијарди долари во својата антикризна програма, со која сака да ги сузбие ефектите од пандемијата од коронавирус, изјави рускиот министер за економија, Максим Решетников.

„Вкупниот износ на антикризната програма, земајќи го во предвид и овој пакет, веќе надмина 2.000 милијарди рубли“, изјави Решетников на состанокот на руската влада, пишуваат руските медиуми.

Премиерот на Русија, Михаил Мишустин побара од банките што поскоро да се вклучат во програмата за издавање на поволни кредити на малите и средни бизниси.

Владата, во парламентот испрати предлог за ослободување од плаќање данок на доход на медицинските професионалци.

Се предлага и укинување на ограничувањата за можноста за позајмување на еден регион од друг, од 2021 година.

Руската влада ќе продолжи да развива дополнителни мерки за поддршка на различни сектори во економијата, истакна премиерот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП